Ahmet Furkan Mercan
06 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Ахмет Фуркан Мерџан
Според Глобалниот извештај за туберкулоза 2018, подготвен од страна на Светската здравствена организација (СЗО), на светско ниво во 2017 година од туберкулоза починале околу 1,3 милион лица.
Обработувајќи ги податоците што СЗО ги објави во Глобалниот извештај за туберкулоза 2018, новинарот на АА дојде до податокот дека во 2017 година, на глобално ниво, околу 1,3 милион луѓе починале од туберкулоза.
- Од туберкулоза се заразени 10 милиони лица
Во извештајот се наведува дека приближно 10 милиони лица се заразени од туберкулоза во 2017 година, од кои 3,2 милиони жени и 1 милион деца.
Анализирајќи ја возраста на заболените, утврдено е дека 90 отсто од заболените се лица на возраст над 15 години.
Најголем број на заболени од туберкулоза, според извештајот, има во Африка и Азија.
Како што се наведува во извештајот, во 2017 година 558.000 лица биле отпорни на антибиотикот со активна супстанца рифампицин, што се користи во лекувањето на оваа болест.
- Носители се 1,7 милијарда лица
Според извештајот, околу 1,7 милијарда лица, односно 23 отсто од светската популација се носители на туберкулоза.
Генерално, како што се наведува во извештајот, на глобално ниво забележан е пад во случаите на туберкулоза, но и покрај тоа, СЗО во извештајот истакнува дека е многу тешко да се постигне стратешката цел „Уништи ја туберкулозата до 2020“.