Hasan Esen
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ЛОНДОН - Новиот тип коронавирус во Велика Британија од почетокот на епидемијата во земјата зеде 43.514 животи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравсто на Велика Британија објави дека последните 24 часа во земјата се регистрирани 100 смртни случаи од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 43.514.
Во последното деноноќие дијагностицирани се 890 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 се зголеми на 310.250.
Во последните 24 часа направени се 155.359 тестирања, а вкупно од почетокот на епидемијата во земјата изработени тестирања досега изнесува направени се 9.067.577 тестирања за вирусот.
Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи во Европа, а трета во светот, по САД и Бразил.
- Чекори кон нормализација -
На 23 март Велика Британија воведе ограничувања, а на 13 мај почна да ги олабавува мерките на превенција кои беа дел од борбата против ширењето на коронавирусот. Дозволено е да се излезе надвор за спортување, а беше дозволено да почнат со работа вработените во секторите кои својата работа не можат да ја извршуваат од дома, како што се работниците во градежништвото и индустријата.
Во втората фаза од олабавувањето на мерките, на 1. јуни беа отворени училиштата и професионалните спортски натпревари, а на 15 јуни беше донесена одлука за отворање на продавниците.
Третата фаза, која стапува на сила на 4 јули, опфаќа отворање на рестораните, кафулињата, хотелите, фризерниците, киносалите, местата за верски обреди, музеите, библиотеките и галериите.