Barış Seçkin
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
РИМ (АА) – Во Италија во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 8 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 34.716, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Италија ги соопшти последните податоци во врска со епидемиолошката состојба во земјата.
Бројот на активни случаи е помал за 802 и изнесува 16.836. Вкупниот број на заразени е зголемен на 240.136. Во последните 24 часа коронавирисот е потврден кај 175 лица.
Бројот на излекувани е поголем за 969 и изнесува вкупно 188.584.
Бројот на починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие е поголем за 8, со што вкупниот број на смртни случаи од полетокот на епидемијата во земјата се искачи на 34.716. Бројот на починати во тек на 24 часа за првпат по 29 февруари е намален на едноцифрен.
До денес се извршени 5.277.273 тестирања.