Şenhan Bolelli
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
МАДРИД (АА) - Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во последните седум дена како последица на Ковид-19 починале 13 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството информираше дека во последното деноноќие починале три лица, бројот на смртни случаи е ревидиран на 28.341, вчера таа бројка изнесуваше 28.338.
Поголемиот дел од смртните случаи потврдени во последните седум дена се во автономната заедница Кастиља и Леон.
Во последните 24 часа бројот на заразени е зголемен за 191, со што вкупниот број на позитивни на Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 248.469.
- Состојбата со Ковид-19 во Португалија -
Во Португалија во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале 6 лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 1.561.
Во изминатото деноноќие потврдени се 323 случаи на вирусот, од почетокот на епидемијата вкупно 41.189.
Во земјата од коронавирусот се излекувани вкупно 26.864 лица.