Ali Murat Alhas
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АНКАРА (АА) - Сто и тригодишна Иранка успешно закрепна откако беше заразена со смртоносниот коронавирус, кој зеде илјадници животи низ целиот свет од почетокот на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Невид Данаи, ректор на Универзитетот за медицински науки во Семнан, пациентката била отпуштена од болницата, со што е второто најстаро лице во светот што закрепнало од вирусот познат како Ковид-19.
Данаи, без да го открие идентитетот на излекуваната пацинтка, рече дека таа целосно оздравела.
Пред една недела, и кинеските власти соопштија дека 103-годишен пациент бил пуштен од болница, откако закрепнал за шест дена.
Според „Worldometer“, веб-страница што ги следи најновите бројки поврзани со коронавирусот, во светски рамки има над 198.500 потврдени случаи на вирусот, бројот на починати надминува 7.900, додека излекувани се над 82.500 пациенти.
Бројот на активни случаи изнесува над 107.500 од кои 94 отсто се со благо нарушување на здравствената состојба, додека 6 отсто се во критична состојба.
Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа за нов епицентар на вирусот, кој првпат се појави во Вухан, Кина минатиот декември.