Associated Press
24 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден се чувствува многу подобро откако пред неколку дена излезе позитивен на тестот за коронавирусот, соопшти денес координаторот на Белата куќа за одговор на Ковид-19, Ашиш Џа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Д-р Џа потврди за Си-би-ес дека 79-годишниот американски лидер е заразен со многу заразната варијанта Омикрон БА.5 која се шири низ целата земја.
Додаде дека здравствената состојба на Бајден е добра благодарение на вакцините и терапиите кои делуваат против болеста.
„Има инфекција на горните дишни патишта, но е добро. Утринава не добивме никакви новости, но во текот на целата ноќ се чувствуваше многу, многу подобро“, рече координаторот на Белата куќа.