Firdevs Bulut
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бразил во текот на изминатите 24 часа пријави над 641 смртен случај од коронавирусот, со што вкупниот број на починати од вирусот се искачи над 50.000. Според тоа, Бразил е втора земја во светот по бројот на смртни случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил денес соопшти дека вкупниот број на смртни случаи се искачил на 50.617.
Во изминатите 24 часа дијагностицирани се 17.000 новозаразени, со што бројот на случаи на Ковид-19 во земјата достигна над 1,08 милиони.
Бразил е една од најтешко погодените земји во светот со вирусот Ковид-19, се наоѓа на второто место, по САД, по бројот на починати.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони. САД, Бразил и Русија во моментов се најтешко погодени земји во светот.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 468.000 луѓе во светот, над 8,95 милиони се дијагностицирани со вирусот, додека речиси 4,43 милиони се излекуваа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.