Mustafa M. M. Haboush,Hamdi Yıldız
22 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Портпаролот на либиското Министерство за надворешни работи, Мухамед ал-Каблави, изјави дека ја одбиле средбата организирана од Арапската лига на тема Либија затоа што Секретаријатот на Арапската лига го определил времето на седницата во спротивност со внатрешните регулативи на организацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Каблави рече дека ја разгледале одлуката за вонреден состанок на Арапската лига по барање на Каиро и одбиле да учествуваат.
Изјавувајќи дека Генералниот секретаријат на Арапската лига го определил времето на седницата во спротивност со внатрешните регулативи на организацијата, Каблави повика Арапската лига да се придржува на системот.
Од друга страна, заменик генералниот секретар на Арапската лига, Зеки ал-Емин, рече дека состанокот за Либија планиран за денес е одложен за утре за да се завршат техничките подготовки и да се обезбеди учество на делегациите.
Генералниот секретаријат на Арапската лига минатиот петок објави дека Египет побарал вонреден состанок за да разговараат за случувањата во Либија.
Во соопштението на либиското Министерство за надворешни работи беше наведено дека администрацијата во Каиро не се консултирала со либиската Влада во врска со состанокот, па затоа состанокот е во спротивност со општите практики.