Muhammed Emin Canik,Emre Aytekin
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 990 лицa, во Мексико починаа 719 лица, а во Индија починаа 381 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, од Ковид-19 починаа уште 990 лицa, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 55.961 лице.
Во земјата се откриени уште 46.860 случаи, со што вкупниот број на случаи во земјата порасна на 1.274.974.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа починаа уште 719 лица поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 25.779.
Во земјата се откриени уште 5.441 нов случаj, додека вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 208.392.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 381 лице, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 15.690.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 18.276 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Индија порасна на 509.423.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 285.637 лица.