Fatjon Cuka
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ТИРАНА
Во Албанија починаа уште две лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), а откриени се уште 61 нов случај со овој вирус во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Вкупниот број на починати поради Ковид-19 во земјата се зголеми на 53, додека вкупниот број на откриени случаи се искачи на 2.330.
Во последните 24 часа направени се 355 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 25.918 тестирања.
Меѓу другото, излекувани се уште 48 пациенти со овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани порасна на 1.346.
Моментално во земјата има 931 активен случај.