Hasan Esen
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека нема да има потреба од втор колективен карантин на национално ниво во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто за весникот „Сандеј телеграф“ (The Sunday Telegraph), Џонсон во однос спроведувањето на втор карантин на национално ниво истакна дека дефинитивно не сака да го употреби тоа и дека ќе нема потреба од тоа.
Истакнувајќи ја надежта дека за Божиќ „во голема мерка ќе се врати нормалниот живот“, Џонсон наведе дека во иднина можат да се донесат одлуки за карантин на локално ниво, доколку има потреба за тоа.
Говорејќи за одлуката на Велика Британија за 5Г инфраструктурата да не се користи опремата на „Хуевеи“, Џонсон нагласи: „Сакаме некои работи да почнеме сами да ги правиме, да работиме со земји со кои имаме исто мислење и да започнеме со поставување на опремата. Потенцијалот за 5Г, супер брзиот, широкопојасен интернет е одличен. Велика Британија навистина може да биде добра во сето ова.“
Велика Британија е на врвот по бројот на починати од Ковид-19 во Европа, а трета во светот, по САД и Бразил.