Gamze Türkoğlu Oğuz,Muhammed Emin Canik
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 921 лице, во Мексико 578 лица, додека во Индија 543 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 921 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 78.772 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се уште 28.532 случаи на вирусот, со што вкупниот број на случаи порасна на 2.074.860.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата достигна 1.342.362.
Бразил, каде што живеат 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
На Ковид-19 позитивен е и претседателот Жаир Болсонаро.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 578 лица.
Со ова вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 38.888.
Во Мексико се откриени уште 7.615 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 338.913.
Досега во земјата излекувани се 213.006 лица.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 543 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 26.816.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 38.902 случаи со коронавирусот.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.077.618.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 677.422 лица.