Nuri Aydın
09 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на активни случаи на Ковид-19 во светот надмина 8 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на страницата „Worldometer“, на која се достапни последните информации во врска со епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека од овој вид коронавирус моментално се лекуваат вкупно 8.022.331 лице.
Од таа бројка, 7.954.352 имаат само благи симптоми, додека 67.979 лица се наоѓаат во животна опасност.
Зголемувањето на бројот на пациенти на лекување создаваат додатен притисок на здравствените системи на земјите кои се погодени од вирусот.
Најмногу активни случаи се забележани во Соединетите Американски Држави (САД), вкупно 2.590.832.
Следуваат Индија (893.561), Франција (583.811), Бразил (465.941), Русија (235.727), Аргентина (148.815), Мексико (137.789), Украина (135.109), Белгија (113.489), Колумбија (81.190), Бангладеш (80.816), Перу (77.300), Италија (65.952), Индонезија (64.924), Ирак (61.068), Иран (61.048), Израел (59.349), Филипини (51.482) и Јужна Африка (50.072).
Заклучно со 9 октомври, во Турција има 31.734 активни случаи со Ковид-19, од нив 1.403 се поврзани со респиратор.
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 36 милиони, а како последица на вирусот починаа повеќе од 1.066.000 лица.