Nuri Aydın
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
АНКАРА (АА) – Од новиот вид коронавирус Ковид-19 починаа 3.386 лица. Во Кина од коранавирусот починаа 3.042 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 2, во Италија 148, Иран 107, Јужна Кореја 43, Јапонија 12, САД 11, Франција 7, Ирак 3, Шпанија 3, Австралија 2, додека во Швајцарија, Велика Британија, Сан Марино, Тајланд, Тајван и Филипини почина по едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Од коронавирусот во Кина починаа 3.044 лица, од болница отпуштени 53.726 пациенти -
Во Кина вкупниот број потврдени случаи на коронавирус изнесува 80.555, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 104, додека во Специјалниот Административен Регион Макао има 10 случаи со коронавирус. Во Тајван бројката на заразени од Ковид-19 изнесува 44.
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот ја надмина бројката од 97 илјади.
Веб-страницата „Worldometer“ објави информации за бројот на заразени лица со Ковид-19 во земјите низ светот:
Јужна Кореја 6.284, Италија 3.858, Иран 3.513, Јапонија 1.054, Франција 423, Германија 400, Шпанија 261, САД 160, Сингапур 117, Велика Британија 115, Швајцарија 111, Шведска 88, Холандија 82, Австралија 61, Норвешка 59, Кувајт 58, Бахреин 52 , Малезија 50, Белгија 50, Тајланд 47, Канада 45, Австрија 41, Ирак 35, Индија 31, Обединети Арапски Емирати 28, Исланд 26, Сан Марино 21, Алжир 17, Виетнам 16, Данска 15, Израел 15, Либан 15, Оман 15, Еквадор 13, Ирска 13, Хрватска 10, Грција 10, Катар 8, Чешка 8, Финска 7, Мексико 6, Белорусија 6, Португалија 6, Романија 6, Пакистан 5, Сенегал 4, Русија 3, Филипини 3, Азербејџан 3, Грузија 3, Бразил 3, Нов Зеланд 3, Чиле 3, Индонезија 2, Египет 2, Естонија 2, Саудиска Арабија 2, Унгарија 2, Мароко 2, Северна Македонија 1, Авганистан 1, Андора 1, Ерменија 1, Камбоџа 1, Доминиканска Република 1, Јордан 1, Литванија 1, Латвија 1, Луксембург 1, Лихтенштајн 1, Монако 1, Непал 1, Нигерија 1, Шри Ланка 1, Тунис 1, Аргентина 1, Украина 1, Полска 1, Словенија 1.
Од друга страна, 55.186 лица на кои им беше дијагностициран вирусот низ светот по лекувањето се оздравени.