Dejan Maksimovic
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, потврден е уште еден случај на заболено лице со новиот коронавирус, што значи дека досега во Република Хрватска се потврдени случаи на 11 заболени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Се работи за близок семеен контакт со друг заболен со коронавирусот во Вараждин“, наведоа денес во вонредното соопштение од Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска.