Fuat Kabakcı
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 120 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 120.057.631 лице.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 30.043.662 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (11.439.250), Бразил (11.359.048), Русија (4.380.525), Велика Британија (4.253.820), Франција (4.045.319), Италија (3.201.838), Шпанија (3.183.704), Турција (2.866.012), Германија (2.569.850), Колумбија (2.299.082), Аргентина (2.192.025), Мексико (2.163.875), Полска (1.889.360), Иран (1.739.360), Јужноафриканската Република (1.528.414), Украина (1.451.744), Индонезија (1.414.741), Перу (1.407.963), Чешка (1.392.108) и Холандија (1.151.218).
Како последица на вирусот во светот починаа 2.659.836 лица. Во светот регистрирани се 96.589.356 оздравени лица од вирусот, додека 20.808.439 лица се во процес на лекување.