Zehra Nur Düz
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Бројот на починати од коронавирусот Ковид-19 во Иран се искачи на 124, соопшти иранското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во последните 24 часа од Ковид-19 починале 17 лица, а откриени се 1.234 нови случаи“, истакна портпаролот Киануш Џаханпур на прес-конференција во главниот град Техеран.
„Со последните новооткриени случаи, вкупниот број заразени лица со вирусот се искачи на 4.747 лица“, рече Џаханпур.
Тој нагласи дека најголем дел од новите случаи се детектирани во покраините Техеран, Ком, Гилан, Исфахан, Алборз, Маркази и Казвин.
Џаханпур рече дека 913 пациенти се успешно излекувани и се отпуштени од болниците, и дека состојбата на 15.981 лице кои се наоѓаат во болниците е стабилна.
Освен Италија и Јужна Кореја, Иран е најтешко погодената земја од проширувањето на вирусот од Кина во декември.
Како дел од своите напори да го сопре ширењето на вирусот, Техеран презеде неколку мерки, меѓу кои се и затворањето на училиштата и установите за високо образование, откажувањето на спортските настани низ целата земја, како и забраната за напуштање на земјата од страна на владините претставници.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), билансот на починати на глобално ниво ја помина бројката од 3.300, со над 97.000 потврдени случаи во 87 земји.