Ahmet Gürhan Kartal
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ЛОНДОН (АА) - Второ лице почина од новиот вид коронавирус Ковид-19 во Велика Британија, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Машко лице во своите 80-ти години подлегнало на здравствената состојба и починало во болница, објави весникот „Милтон Кејнс Ситизен“ (Milton Keynes Citizen).
„Другите пациенти на одделот се изолирани, а извршено е и длабинско чистење“, објави локалниот весник, а лекарите ги чекаат официјалните резултати од тестот за да потврдат дека станува збор за случај на Ковид-19.
Персоналот од болницата, кој се грижел за пациентот, е во изолација.
Бројот на случаи на коронавирус во Велика Британија порасна на 163, со 47-те новооткриени случаи потврдени денеска од здравствените власти.
Првата жртва на коронавирусот во Велика Британија беше постаро машко лице кое почина на почетокот од неделата во Беркшир.