Elena Teslova
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Русија денес надмина 1 милион, при што во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 4.729 нови случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на истиот период, бројот на оздравени се зголеми за 6.318, со што вкупниот број на оздравени лица се искачи на 815,705, додека вирусот зеде уште 123 животи, при што вкупниот број на починати како последица на вирусот достигна 17.299.
Вирусот во Русија се шири нерамномерно, при што во некои региони со недели не се регистрирани нови случаи, а во некои региони бројот на новозаразени и смртни случаи од вирусот се зголемува.
Пандемијата на Ковид-19 досега одзеде над 850.600 животи во 188 земји и региони откако за првпат се појави во Вухан минатиот декември. САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји во светот.
Во светот досега регистрирани се над 25,5 милиони случаи н а Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 16,82 милиони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.