Hasan Esen
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 881 лице поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 7.978 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, на дневната прес-конференција нагласи дека бројот на починати поради Ковид-19 во земјата се искачи од 7.097 на 7.978 лица.
Тој информира дека бројот на лицата кои се лекуваат во болници изнесува 16.784.
Раб рече дека денес тој самиот го предводел состанокот на кабинетот во врска со итната состојба, укажувајќи на важноста на продолжувањето на делумниот карантин.
Според него, делумниот карантин покажала позитивни ефекти во борбата против оваа пандемија.
„Сеуште ја достигнавме врвната точка во овој вирус, затоа се уште е прерано за укинување на мерките кои ги спроведуваме“, рече тој.