Behram Abdelmunim Mohamed Mustafa,Hacer Başer,Çağrı Koşak
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Оман и Катар е забележан раст на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Кувајт се наведува дека како последица на овој вирус починаа уште три лица, а откриени се уште 638 нови случаи.
Во земјата вкупно починаа 368 лица поради Ковид-19, додека бројот на откриени случаи се искачи на 49.941.
Во Кувајт се излекувани уште 520 лица, со што вкупниот број на излекувани во земјата порасна на 40.463.
- ОАЕ
Според соопштението на Министерството за здравство на ОАЕ, како последица на овој вирус починаа уште 2 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 323.
Во земјата откриени се уште 683 случаи со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на случаи во ОАЕ се зголеми на 51.540.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 40.297 лица.
- Оман
Во соопштението на Министерството за здравство на Оман се нагласува дека уште 10 лица починаа поради Ковид-19, додека откриени се уште 1.072 нови случаи.
Со ова, бројот на починати во земјата се искачи на 213, а на откриени случаи на 46.178.
- Катар
Министертството за здравство на Катар соопшти дека во земјата се откриени уште 616 случаи со Ковид-19, со што бкупниот број на случаи во земјата порасна на 99.799.
Во земјата починаа уште 5 лица како последица на овој вирус. Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 128.
Вкупниот број на излекувани во земјата се искачи на 92.284 лица.