Büşra Selvi Öğütcen
21 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 175 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, 175.057.808 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19 се исто така земји каде што се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Индија оздравеа 30.390.687 лица, во САД 29.435.171, а во Бразил, 18.124.621 лице.
Во Турција од вирусот оздравеа 5.395.300 лица.
Во светот 13.200.686 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 192.395.192, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 4.136.698 лица.