Samir Kajoševic
27 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се 30 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека во изминатите 24 часа анализирани се 407 примероци, од кои 30 биле позитивни на коронавирусот.
„Од 30-те новозаразени, 23 се контакти на претходно позитивни лица. За останатите се спроведуваат епидемиолошки истражувања со цел да се утврди изворот на заразата“, наведуваат од Институтот.
Во Црна Гора моментално има 145 активни случаи на коронавирусот.