Barış Seçkin
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) починаа 156 лица, со што вкупната бројка починати достигна 32.486, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија ги објави најновите податоци за епидемиолошката ситуација во таа земја според кои бројот на активни случаи е намален за 1.792 и моментално изнесува 60.960.
Бројот на заразените достигна 228.006, додека бројот на опоравени продолжува да расте и денес достигна 134.560, по излекуваните 2.278.
Денес исто така е продолжен и трендот на пад на бројот на пациенти сместени на одделите за интензивна нега, со што нивниот број е намален од вчерашните 676 на денешните 640.
Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека во таа земја до денес се извршени 2.243.398 тестирања на коронавирусот.