Yusuf Özcan
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ПАРИЗ
Во Франција од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) починаа вкупно 28.215 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека бројот на заразени во последните 24 часа е зголемен за 1.735 и моментално изнесува 218.679.
Хоспитализирани се вкупно 17.583 лица, од кои 1.745 се наоѓаат на одделите за интензивна нега, каде веќе 43 дена трае опаѓањето на бројот на пациенти.
Бројот на опоравени од Ковид-19 во таа земја е зголемен за 530 и сега изнесува 63.858.
Од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа вкупно 28.215 лица, од кои 17.870 во болниците и 10.345 во домовите за стари лица.