Aybüke İnal
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа потврден е 961 случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на заразени е зголемена на 153.548, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет страницата на Министерството за здравство на Република Турција и министерот Фахретин Коџа на Твитер, се наведува дека денес се извршени 33.633 тестирања на присуство на коронавирусот, а дека се потврдени 961 случај на заразување.
Во последните 24 саати во таа земја починаа 27 пациенти кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19, додека 1.003 лица се опоравија и отпуштени се дома.
На Ковид-19 тестирани се 1.729.988 лица, бројот на заразените е зголемен на 153.548, бројката на починати на 4.249, додека бројот на излекувани лица изнесува 114.990.
Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа изјави дека бројот на случаи на заразување и понатаму е на очекувано ниво.
„Се намалува и бројот на пациенти кај е потребна интензивна нега", рече Коџа и додаде: „Да ги почитуваме мерките. Да носиме маски и да се придржуваме до физичката дистанца од 1,5 метар."