Alma Dekovic
10 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
ПЕКИНГ
Во Кина во последните 24 часа се забележани 143 нови случаи на заразување со коронавирусот, што е најголем број на заразени од 20 јануари оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Националната здравствена комисија, од вкупниот број на заразени, 108 се локално пренесени.
Поголемиот дел од локалните инфекции е забележан во источната област Џиангсу во централен Хенан.
Бројот на асимптоматски инфекции во понеделникот изнесуваше 38, но Кина не ги сместува во потврдени случаи.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот кон крајот на 2019 година во Кина се потврдени 93.969 инфекции, додека од последиците на заразување со вирусот починаа 4.636 лица.