Ata Ufuk Şeker
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
БРИСЕЛ
Компанијата „БајоНТех“ ги сподели своите финансиски резултати за вториот квартал од 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според нив, нето-добивката на компанијата во периодот април - јуни достигна 2 милијарди 787,2 милиони евра.
„БајоНТех“ објави загуба од 88,3 милиони евра во истиот период минатата година.
Добивката на компанијата во првата половина од годината достигна 3 милијарди 915,3 милиони евра. Компанијата објави загуба од 141,7 милиони евра во првата половина на 2020 година.
Вкупните приходи на „БајоНТех“ се зголемија од 41,7 милиони евра во вториот квартал од 2020 година на 5 милијарди 308,5 милиони евра во вториот квартал од 2021 година.
Вкупните приходи на „БајоНТех“, што изнесуваа 69,4 милиони евра во првата половина од минатата година, достигнаа 7 милијарди 356,9 милиони евра во првата половина од оваа година.
Приход од 15,9 милијарди евра беше предвиден и од договорите за снабдување на вкупно 2,2 милијарди дози вакцини против Ковид-19 оваа година.
Заработката по акција на компанијата во вториот квартал исто така изнесува 11,42 евра.
„БајоНТех“, заедно со својот партнер за производство на вакцини, „Фајзер“, достави повеќе од 1 милијарда дози вакцини против Ковид-19 во повеќе од 100 земји.