Emel Gözellik
05 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Кина се потврдени 10 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, додека во Јужна Кореја откриени се 168 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната здравствена комисија на Кина се наведува дека сите 10 заразени што се детектирани во последните 24 часа се поврзани со патувања во странство.
Во Кина во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај предизвикан од коронавирусот.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 85.112, додека бројот на починати остана ист, 4.634.
Од почетокот на пандемијата во земјата досега оздравеа 80.284 лица, кај кои претходно беше дијагностициран Ковид-19.
- Јужна Кореја -
Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја информираше дека во последните 24 часа се потврдени 168 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 се поврзани со патувања во странство.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 21.010. Како последица на коронавирусот починаа 333 лица, а оздравеа 16.009 заразени.
Во земјата, од 14 август дневниот број на заразени со Ковид-19 повторно достигна трицифрен број.
Владата соопшти дека за време на викендот поради порастот на бројот на заболени ќе бидат засилени мерките за борба против епидемијата. Во рамките на мерките, што ќе траат две недели, ќе бидат затворени местата за забава, библиотеките, галериите и музеите.