Ali Cura
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Русија достигна 1.020.310, а во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 5.205 нови случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата починале 110 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 17.759.
Од коронавирусот оздравеа уште 5.379 лицa. Вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 838.126 лица.
Во Русија во последните 24 часа направени се 336.000 тестирања за Ковид-19, додека вкупно од почетокот на епидемијата реализирани се 38.100.000 тестирања.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, додека првиот смртен случај од вирусот е регистриран на 19 март.
Во Русија новата учебна година започна на 1 септември. Во училиштата не се задолжителни мерките против коронавирусот, како што се користењето маски и држењето социјално растојание.