Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во Мексико во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 354 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 354 во последните 24 часа, со што ја достигна бројката од 14.053.
Бројот на детектирани случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 120.102 со раст од 2.999 во последното деноноќие.
На 27 мај во Мексико, билансот на починати во текот на 24 часа за првпат ја надмина бројката од 500.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 28 февруари, а првата смрт поврзана со вирусот се случи на 19 март.