Gülşen Topçu
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ГАЗА (АА) - Движењето Хамас ги повика арапските земји и меѓународната заедница да преземат сериозни и конкретни чекори за спречување на израелскиот план за анексија на населбите на окупираниот Западен Брег, јави Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Хамас, Хазем Касим, изјави дека е потребно да се изврши притисок врз Израел и Соединетите Американски Држави (САД) за откажување од тој план.
„Го цениме ставот на арапските земји и меѓународната заедница за отфрлање на израелскиот план за анексија. Меѓутоа, бараме да се преземат сериозни и конкретни чекори за да се изврши силен притисок врз Израел и САД во тој поглед“, рече Касим.
Напоменувајќи дека Израел често постапува незаконски и го крши меѓународното право, Касим истакна дека не е доволно само изнесување ставови во медиумите и на политичката сцена.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец формираше заедничка Влада на Израел со лидерот на опозицијата, Бени Ганц, а двајцата најавија дека од 1 јули ќе го забрзаат планот за анексија на Јорданската Долина и другите територии на Западниот Брег, каде што се подигнати нелегални еврејски населби.