Sümeyye Dilara Dinçer
03 Јули 2021•Ажурирај: 04 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во светот се аплицирани над 3,1 милијарда дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека Кина, со аплицирани повеќе од 1,2 милијарди дози, е земја со најмногу вакцинирани.
Следуваат Индија (344,6 милиони), Соединетите Американски Држави (328,8 милиони), Бразил (102,7 милиони), Велика Британија (78,2 милиони), Германија (75,7 милиони), Франција (54,4 милиони), Италија (52,6 милиони), Турција (52,1 милион), Мексико (46,4 милиони) и Јапонија (46,2 милиони).
Земја со најмногу вакцинирани врз основа на бројот на жители се Обединетите Арапски Емирати, каде што на 100 жители дадени се 155,99 дози.
Следуваат Малта (152,88), Сејшелите (140,92), Сан Марино (131,17), Исланд (127,58), Бахреин (125,4) и Израел (124,77).
Турција е деветта земја во светот по бројот на вакцинирани, а податоците на Министерството за здравство покажуваат дека досега во земјата се аплицирани повеќе од 52,1 милион дози. Втора доза од вакцините примиле 15,5 милиони луѓе.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени во светот надминал 183,9 милиони, а дека повеќе од 3,9 милиони починале како резултат на Ковид-19.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека делта-варијантата на коронавирусот (Ковид-19), што за првпат беше откриена во Индија, досега е регистрирана во речиси 100 земји и региони.