Sümeyye Dilara Dinçer
03 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Околу 200 компании во Соединетите Американски Држави (САД) се изложени на кибернапади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“, компанијата за кибербезбедност „Хантрес лабс“ (Huntress Labs) соопштила дека околу 200 американски компании биле изложени на колосален напад на малициозен софтвер.
Од „Хантрес лабс“ нагласија дека цел на овој напад била ИТ-компанијата „Касеја“ (Kaseya) со седиште во Флорида, а се претпоставува дека нападот бил извршен од страна на групата „РЕвил“ (REvil) поврзана со Русија.
Во соопштението на „Касеја“ се наведува дека водат истражување за можниот напад и се упатува апел до корисниците што ја користат апликацијата VSA, веднаш да ги исклучат нивните сервери.
Во соопштението се вели дека постои можност една од нејзините апликации што управува со корпоративни сервери, десктоп-компјутери и мрежни уреди да е компромитирана во нападот.
„Касеја“ нагласи дека мал број компании биле погодени во нападот, додека од „Хантрес лабс“ велат дека бројот на компании погодени од нападот е поголем од 200.
Федералната агенција за кибербезбедност и инфраструктура на САД (CISA) соопшти дека презема чекори за истражување на нападот.