Merve Berker
31 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на аплицирани вакцини против Ковид-19 во светски рамки надмина 4,1 милијарда заклучно со денес, според веб-страницата за следење на вакцинацијата поврзана со Универзитетот Оксфорд, „Our World In Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, е на прво место во светот со администрирани над 1,64 милијарди вакцини. Второто место на листата го држи Индија со дадени над 461,52 милиони дози вакцини.
Листата продолжува претежно со западните земји, САД имаат администрирано преку 344,93 милиони дози, Бразил 140,17 милиони, Германија 92,05 милиони, Велика Британија 84,74 милиони и Јапонија 84,01 милион.
Турција досега има администрирано над 73,03 милиони вакцини, со што се наоѓа на осмото место во светот, додека речиси 41 милион луѓе ја имаат примено првата доза.
По Турција следуваат Франција со администрирани над 72,67 милиони дози, Италија 68,19 милиони, Индонезија 66,95 милиони, Мексико 65,63 милиони, Русија речиси 61 милион и Шпанија 55,71 милион дози од вакцините против Ковид-19.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година, пандемијата однела над 4,21 милион животи во светот, а досега регистрирани се над 197,5 милиони заразени со Ковид-19.