Muhammet Nazım Taşcı
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА
Во светот повеќе од девет милиони лица оздравеа од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот оздравеа 9.010.122 лица.
Најмногу лица се оздравени во САД и тоа 1.685.263, потоа следува Бразил со 1.409.202, Индија со 752.393, Русија со 562.384, Чиле со 306.816 и Перу со 245.081 оздравени лица.
Во Иран оздраве 242.351 пациент, во Мексико 222.068, Јужна Африка 208.144, Пакистан 208.030, додека во Турција оздравеа 204.011 пациенти.
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.