Emel Öz
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на луѓе оздравени од новиот тип коронавирус (Ковид -19) во светот надмина 200 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со Ковид-19 во светот, првите три земји во светот со најголем број на заразени се и земји во кои, во исто време оздравеле најголем број пациенти.
Досега во светот оздравеа 200.050.103 лица претходно позитивни на вирусот.
Индија со 32.304.618 е земја со најголем број оздравени, по неа следуваат САД со 31.667.507 и Бразил со 19.966.693 луѓе кои успеале да го победат вирусот.
По Бразил следуваат Франција со 6.464.416 оздравени, Русија со 6.340.151, Турција со 6.024.497, Велика Британија со 5.696.593, Аргентина со 4.912.390, Колумбија со 4.758.983 и Шпанија со 4.516.279 оздравени лица.
Во светот во моментов има 18.840.933 активни случаи на заразување со Ковид-19, од кои 103.983 заразени се во критична состојба.
Заразувањето со новиот тип коронавирус што за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, се прошири во повеќе од 200 земји и региони и прерасна во пандемија.
Досега во светот Ковид-19 е детектиран кај 223.502.957 лица, од кои животот го загубија 4.611.921 заразен.