Emre Aytekin
02 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво досега е детектиран кај над 104.000.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот, досега на глобално ниво регистрирани се вкупно 104.008.098 лица позитивни на вирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот, со досега детектирани 26.911.375 лица позитивни на коронавирусот.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.767.206), Бразил (9.230.016), Русија (3.884.730), Велика Британија (3.835.783), Франција (3.201.461), Шпанија (2.852.729), Италија (2.485.182), Турција (2.485.182), Германија (2.232.316), Колумбија (2.104.506), Аргентина (1.933.853), Мексико (1.869.708), Полска (1.520.215), Јужноафриканска Република (1.456.309), Иран (1.431.416), Украина (1.233.879), Перу (1.142.716) и Индонезија (1.099.687).
Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 2.249.841 лице, а оздравеа 75.853.924 заразени. Моментално од вирусот се лекуваат 25.899.357 заразени лица.