Esat Fırat
02 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Армија соопшти дека се урнало беспилотно летало во Појасот Газа кој е под блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на последната операција на израелската Армија, јужно од Појасот Газа се урна беспилотно летало“, се истакнува во писменото соопштение на израелската Армија објавено преку социјалните медиуми.
Од друга страна, безбедносни извори во Газа наведоа дека израелското беспилотно летало е запленето од безбедносните сили на Хамас.
Палестинските групи на отпорот вчера соопштија дека заплениле израелско беспилотно летало на северот од Газа.
Израел користи беспилотни летала за собирање разузнавачки информации за Газа.