Nuri Aydın,Behlül Çetinkaya
01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во светот со коронавирусот, Ковид-19, досега се заразија повеќе од 83,8 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните денешни податоци, бројот на случаи на коронавирусот во светот се зголеми на 83.814.032.
Досега во светот од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 1.825.880 лица, додека над 59,3 милиони оздравеа.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде вирусот е потврден кај 20.445.654 лица. Досега починаа 354.215 лица.
Според бројот на заразени, по САД следат: Индија (10.286.709), Бразил (7.675.973), Русија (3.159.297), Франција (2.620.425), Велика Британија (2.488.780), Турција (2.208.652), Италија (2.107.166), Шпанија (1.936.718) и Германија (1.743.478).