Şeyma Uzundere,Murat Özgür Güvendik
30 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во светот со новиот вид коронавирус досега се заразиле над 82,3 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните, денешни, податоци, бројот на случаи на коронавирусот во светот се зголеми на 82.362.373.
Досега од вирусот во светот починале 1.797.286 лица, додека над 58,3 милиони се излекувани.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде вирусот е потврден кај 19.977.704 лица. Починаа 346.579 лица.
Според бројот на заразени, по САД се: Индија (10.225.326), Бразил (7.564.117), Русија (3.105.037), Франција (2.574.041), Велика Британија (2.382.865), Турција (2.178.580), Италија (2.067.487), Шпанија (1.906.057) и Германија (1.691 707).