Büşra Nur Bilgiç Çakmak
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
БЕРЛИН
Германскиот министер за економска соработка и развој, Герд Мулер ја критикуваше состојбата во бегалските кампови во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Срамотно е такви услови да бидат прифатени во Европа“, изјави Мулер за германскиот Рајнеше Пост.
Како тој изјави, видел дека 20.000 лица се сместени во камп со капацитет за 3.000.
Германскиот министер смета дека властите треба да ги обезбедат правата и достоинството на бегалците во тие кампови.
„Евакуацијата на малолетниците од тие кампови не го реши проблемот“, изјави Мулер, зборувајќи за евакуација на малолетниците без придржуба од камповите во Грција кои се префрлени во Германија.
Германија минатиот месец во земјата доведе 47 малолетни бегалци, како дел од договорот за распределба на малолетните бегалци без придружба од Грција во другите земји на ЕУ.
Европската комисија во март покрена иницијатива за преместување на 1.600 бегалци од Грција, вклучувајќи ги и децата без придружба во земјите членки на ЕУ.