Corey Blackman,Ekip
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ПАРИЗ (АА) - Носењето заштитни маски ќе биде задолжително во сите затворени простори во Франција почнувајќи од 20 јули, се вели во соопштението на францускиот министер за здравство Оливие Веран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа е најновата превентивна мерка на Владата за да се избегне вториот бран на новиот вид коронавирус.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, по прославата на Денот на Бастилја во вторникот изјави дека задолжителното носење маски во затворен простор ќе запоне на 1 август, но новиот премиер Жан Кастекс во петокот објави дека датумот ќе биде преместен за следната недела.
Во текот на интервјуто за ТВ Франс 2, Кастекс повика на поголема будност бидејќи во Франција има кластери на повторно заразување во регионот Ил де Франс, источниот регион Гранд-Ест и регионот О-де-Франс на северот на земјата.
Вирусот особено го погоди Мајен, департман во Лоарскиот крај на североистокот на Франција, кој во изминатите две недели бележи вознемирувачки наплив на случаи со мерка задолжително носење маски воведена во четвртокот. Вкупно 650.000 маски се испратени од министерот за внатрешни работи во административниот центар Лавал.
Од укинувањето на двомесечниот карантин на 11 мај, одредени училишта, каде што вирусот повторно се појави, се затворени, а болничките служби за итни случаи бележат раст на случаите.
Здравствените власти се загрижени поради стапката на репродукција на вирусот поради што се воведува мерката за носење маски на национално ниво.
Секој пациент кој ќе биде позитивен на Ковид-19 преку виролошки (крвен) тест може да зарази едно друго лице. Таа стапка во земјата сега се искачи на 1,2, загрижувачки за здравствените работници поради зголемувањето на циркулацијата на вирусот.
Од почетокот на епидемијата во Франција бројот на починати од овој вирус достигна 30.152, а заразени се нешто помалку од 175.000.