Ali Murat Alhas
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 3.139, соопшти денес Националната комисија за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа починаа 17 лица, а регистрирани се 19 нови случаи.
Во моментов има потврдени 80.754 случаи на вирусот во Кина, од кои 4.794 се во сериозна состојба, додека 16.982 лица се во болница на опсервација.
Од друга страна, бројот на луѓе што го загубија животот во уривањето на хотелот што служеше како карантин во кинеската покраина Фуџијан се искачи на 18.
Локалните власти соопштија дека 12 лица се заробени под урнатините.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот, по неговото појавување во Кина во декември, изнесува околу 3.800 со над 100.000 потврдени случаи.
Коронавирусот веќе се рашири во 110 земји, а СЗО вчера соопшти дека заканата од пандемија е многу реална.