Nuri Aydın
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина, земјата во која избувна новиот вид коронавирус, во последните 24 часа нема новозаразени ниту смртни случаи предизвикани од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на кинеската Национална комисија за здравство се вели дека не се потврдени нови случаи на вирусот ниту смртни случаи поврзани со него.
Се нагласува дека 376 лица се во изолација поради сомнение дека би можеле да бидат заразени. Три лица закрепнале, а 79 и понатаму се наоѓаат во болница.
Коронавирусот досега во Кина е потврден кај 82.971 лице, а како последица на него починаа 4.634 лица. Оздравени се 78.225 заразени.
Корејскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека во Јужна Кореја во изминатите 24 часа потврдени се 23 нови случаи на вирусот, од кои 13 во градот Кеонжу.
Донесена е одлука и за затворање на 2.629 објекти, бидејќи се смета дека поинтензивното ширење на вирусот во Сеул во последно време се должи на ноќните клубови.
Бројот на заразени лица во земјата е зголемен на 11.165, а потврдени се 266 смртни случаи.