Ahmet Dursun
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа, како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 59 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.359, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во последните 24 часа се регистрирани 59 смртни случаи од Ковид-19 и 1.869 новозаразени лица.
Според тоа, бројката на смртни случаи од коронавирусот низ целата земја е зголемена на 7.359, а вкупната бројка на случаи на 133.521.
Истакнувајќи дека во голем број покраини бројот на починати и на новозаразени се намалува, Џиханпур рече: „Во последните 24 часа во 14 покраини не е регистриран смртен случај од Ковид-19. Во 6 покраини имаше по еден смртен случај од вирусот. Се надевам дека ова ќе продолжи и во наредните недели.“
Портпаролот на Министерството за здравство рече дека покраината Хузистан, која се наоѓа во југозападниот дел на земјата, е сè уште регион со највисок ризик.
Џиханпур, истакнувајќи дека 2.633 заразени се наоѓаат во критична состојба, рече дека од почетокот на пандемијата во Иран излекувани се 104.072 лица.
Според Џиханпур, во земјата досега се направени 781.286 тестови за Ковид-19.