Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС - Во земјите од Латинска Америка продолжува трендот на висок број смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 961 лице, 816 во Мексико, 60 во Аргентина, 243 во Колумбија, 55 во Перу и 21 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 961 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 189.220. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 46.696, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 7.365.517.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.405.356 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 816 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.653 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 120.311 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.350.079. Во оваа земја досега оздравеа 1.005.248 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 60 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 42.314. Во истиот период детектирани се 8.586 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.563.865.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.384.277 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 243 лица, со што го вкупниот број смртни случаи се искачи на 41.174.
Во последните 24 часа детектирани се 14.233 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.544.826. Во оваа земја досега оздравеа 1.404.168 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 55 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.110 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.002.263, од кои починаа 37.273 лица, а оздравеа 938.341 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 21 смртен случај предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 4.739. Во истиот период детектирани се 655 новозаразени, вкупно 134.256 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 122.438 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.