Barış Seçkin
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
РИМ
Во последните 24 часа во Италија од последиците на Ковид-19 починаа 18 лица, вкупно 34.675, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита ги соопшти последните информации за епидемиолошката ситуација предизвикана со појавата на коронавирус.
Во соопштението се наведува дека бројот на активни случаи е помал за 1.064 и изнесува 19.573. До денес со Ковид-19 се заразени вкупно 238.833 лица. Во последните 24 часа се потврдени 122 нови случаи на заразување.
Бројот на излекувани е поголем за 1.159 и изнесува 184.585.
Во последните 24 часа од вирусот починаа 18 лица, односно вкупно 34.675.
Бројот на пациенти на одделите за интензивна нега е намален на 115.
На присуство на вирусот се извршени вкупно 5.053.827 тестирања.