Rabia İclal Turan
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Сите сојузници на НАТО се загрижени за растечкото присуство на Русија во Либија, изјави шефот на НАТО на форумот денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на форумот во Брисел организиран од „Германски фонд Маршал“, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека иако постојат разлики во ставот меѓу сојузниците на НАТО во врска со ситуацијата во Либија, тие сите се согласуваат во врска со загриженоста за присуството на Русија.
„Ние треба да го следиме ова од блиску и да споделиме разузнавачки информации за зголеменото присуство на Русија“, изјави Столтенберг.
Минатиот месец САД соопштија дека Русија испратила воени авиони во Либија, но Кремљ ги негираше таквите наводи.
Солтенберг исто така беше запрашан за неодамнешните тензии меѓу Турција и Франција во Медитеранот.
Франција минатата недела тврдеше дека Турција вознемирила еден од нејзините бродови што учествувале во мисијата на НАТО во Средоземното Море. Турските воени претставници ги негираа овие обвиненија како целосно невистинити.
Столтенберг рече дека претставниците на НАТО го разгледуваат инцидентот, додавајќи: „Овие двајца сојузници на НАТО имаат тотално различни ставови за тоа што се случило“.
Но, сите се согласуваат „дека ние треба да ги поддржиме напорите на ОН за изнаоѓање на политичко решение за конфликтот во Либија“, рече шефот на НАТО.
Анкара и Париз неодамна влегоа во конфликт со нивните спротиставени политики во Либија, која е разорена од војна од соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година.
Додека Турција ја поддржува легитимната либиска влада признаена од ОН, турските власти ја обвинуваат Франција за продлабочување на конфликтот со поддршка на воениот лидер Калифа Хафтар.
Меѓународно признатата Влада е нападната од страна на силите на Хафтар уште од април 2019 година, при што повеќе од 1.000 лица загинаа во насилството.
Либиската Влада во март ја започна операции за да ги спречи нападите врз главниот град и неодамна воспостави контрола врз стратешки локации, вклучувајќи ги и воздушната база „Ватија“ и градот Тархуна.