БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.997 лица во Бразил, 196 во Мексико, 648 во Аргентина, 595 во Колумбија, 168 во Перу, 57 во Чиле, 92 во Еквадор, 88 во Боливија, 112 во Парагвај, 27 во Гватемала и 31 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.997 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 493.693.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 95.367, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.628.588.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.030.601 лице претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 196 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.789 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 230.624 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.463.390. Досега во оваа земја оздравеа 1.962.152 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 648 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 87.261. Во истиот период детектирани се 25.828 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.198.620.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.791.979 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 595 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 97.560.
Во последното деноноќие детектирани се 27.827 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.829.879. Во оваа земја досега оздравеа 3.565.158 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 168 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 5.155 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.015.190, од кои животот го загубија 189.522 лица, а оздравеа над 1.972.066 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 57 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.922.
Во истиот период регистрирани се нови 4.347 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.491.561, а оздравеа вкупно 1.420.365 лица претходно заразени со коронавирусот.
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 92 смртни случаи, вкупно 21.153 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.806 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 441.180.
Досега во Еквадор оздравеа 407.512 лица што биле позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 88 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.836.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 414.513, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.826. Досега оздравеа 330.148 лица позитивни на коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 112 смртни случаи како последица на коронавирусот, а детектирани се 2.612 лица позитивни на Ковид-19.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 398.761, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.181.
Досега оздравеа 333.133 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 27 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 8.527 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.472 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 275.202.
Досега во оваа земја оздравеа 249.560 лица кои биле заразени со коронавирусот.
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 31 лице од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.120.
Во истиот период детектирани се 2.924 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 346.515 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 309.965 заразени со Ковид-19.
news_share_descriptionsubscription_contact


